Мадона: Закрепнав од коронавирусот, мислев дека имам грип


Поп-ѕвездата Мадона објави дека била позитивна на коронавирус на крајот на турнејата во Париз пред 7 недели, а позитивни биле и неколку членови од нејзината екипа.

61-годишната Мадона вели дека е позитивна на антитела на коронавирусот што би можело да значи дека заболела од COVID-19 без да го знае тоа.

„Кога сте тестирани позитивно на антитела значи дека сте го имале вирусот, како што е со мојот случај бидејќи бев болна на крајот на турнејата во Париз, пред седум недели, како и повеќето уметници кои учествуваа во шоуто“, напиша Мадона на социјалните мрежи.

На Instagram ја следат над 15 милиони обожаватели.

Таа објаснува дека тогаш сите мислеле дека се болни од тежок грип. Вели дека сега сите се закрепнати и здрави.

Овие детали не беа познати кога Мадона ја заврши светската турнеја на 9 март, пред двата најавени концерти во Париз, откако француските власти забранија масовни собири со цел да го запрат ширењето на вирусот.

Светската турнеја Madame X Tour на Мадона почна во септември, 2019 година со концерти низ САД, Лисабон и во Лондон.

Минатата недела претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен откри дека Мадона донирала огромна сума пари за научни цели, поточно за пронаоѓање вакцина за COVID-19.

Извор: kajgana.com

Previous НЕДОСТАТОКОТ НА СОН ДОВЕДУВА ДО ДЕБЕЛЕЕЊЕ – НОВО ИСТРАЖУВАЧКО ОТКРИТИЕ
Next Во спотот се појавуваат познати личности: Тамара и Билбилов со нова песна – „Светот е“ (видео)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *