in , ,

Во спотот се појавуваат познати личности: Тамара и Билбилов со нова песна – „Светот е“ (видео)

http://viralno.mk/wp-content/uploads/2020/05/tijana-1.jpg

Роберт Билбилов ја промовираше својата нова песна „Светот е“ која ја отпеја во дует со неговата колешка и пријателка Тамара Тодевска.

Како што вели Билбилов, ова е песна за една безвременска љубов.

“Ова е песна за една безвременска љубов, таква љубов каква што сите ние посакуваме. Можеби во последните неколку недели нашите животи се променија и живееме во еден нов и поинаков свет, но музиката сеуште ја има моќта да не обедини сите. ” изјави тој

Роберт е автор на песната, а  режисер на спотот е Зоран Зонде Стојановски. Во видео записот се појавуваат и децата на Тамара, Хана и Дарен, како и нејзината сестра Тијна и внукот Вук.

Освен тоа во видео записот учествуваат и многу познати личности меѓу кои: Миа Костова, Александра Јанева, Васил Гарванлиев, Антониа Гиговска, Лина Пејовска, Панчо ДНК, Александар Тарабунов, Весна Бејби, Катарина Ивановска…

Инаку, Роберт го објави видеото на својот 37- ми роденден, а со Тодевска прослави 20 години соработка.

„Нека ми е среќен родеденот….Не можеше подобро да ја одбележиме нашата 20 годишна соработка, љубов и недоразбирање. Сакајте си ги своите најблсики, како што ве сакам јас.

Им благодарам на сите наши драги колеги и пријатели кои ни го разубавеа видеото“ напиша Роберт на Фејсбук.

Како звучи „Светот е“ погледнете во видеото подолу.

Извор: vistina.com.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Мадона: Закрепнав од коронавирусот, мислев дека имам грип

Вака изгледаат мајките на македонските познати личности (фото)