Де Ниро: Би сакал да го глумам гувернерот на Њујорк


Познатиот американски глумец Роберт де Ниро има желба, ако воопшто некогаш се снима филм за корона-пандемијата, да го глуми гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо.

„Куомо го прави она што би требало да го прави претседателот (на САД)“, истакна Де Ниро во видеоврската во емисијата The Late Show на Стивен Колберт.

Де Ниро (76) натаму вели дека може да го замисли гувернерот во Овалната соба, но сепак го поддржува Џо Бајден во претседателската трка годинава.

Глумецот изнесе уште повеќе критики околу тоа како претседателот Доналд Трамп се справува со епидемијата.

„Имаше многу, многу предупредувања и пропусти и сега сите го плаќаме тоа. Можеби било и полошо, на некој начин, но никогаш вака“, додава глумецот.

Некои медиуми во Њујорк веќе го гледаат Куомо како кандидат на наредните претседателски избори во САД во 2024 година.

Зборовите на Де Ниро дојдоа и до гувернерот Куомо, кој со воодушевување ја одобри желбата на Де Ниро.

„Јас сум голем фан на Де Ниро. Едноставно, тој е феноменален. Размерот на неговата способност, мислам, само погледнете кои улоги ги има играно. Тој може да направи сѐ, нели? „Deer Hunter“, „Cape Fear“, може и комедија… а што велите за „Taxi Driver“? На наредна прес-конференција, кога новцинар ќе ми постави прашање ќе се однесувам како во „Taxi Driver“. „You talkin’ to me?” Има да биде јако. Голем фан сум на Де Ниро. Тој е генијалец“, рече гувернерот.

Извор: kajgana.com

Previous 10 ВИДЕОИГРИ ВО КОИ ВИЕ ИГРАТЕ КАКО ЗОМБИ
Next Сите зборуваат за второто бебе: Меган Маркл е бремена?

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *