Боса шета низ поле: Анастасија Ражнатовиќ ја објави својата прва балада „Промашена“ (видео)


По еден ипол месец од објавувањето на песната „Волим те“, Анастасија Ражнатовиќ одлучи да ги израдува фановите со уште една нова песна.

Во песната „Промашена“ се зборува за љубовен бродолом на една девојка која неизмерно го сака својот маж, но го губи.

„Од самиот почеток, луѓето кои ја слушаат моја музика бараат од  мене да снимам балада. Мислам дека ја пронајдов вистинската во која може да се пронајдат многу жени. Една вечер додека го снимив албумот во Скопје, дојде Сара Милутиновиќ и ја напиша песната за еден ден. Влегов во студиото и веднаш ја снимив песната. Песната ми е многу емотивна и верувам дека повеќето девојки некогаш се чувствуваат „промашено“ кога ќе направат грешка во емотивните односи“ вели Ражнатовиќ.

Автор на песната е Александра Милутиновиќ, а додека аранжманот и музиката се дело на Дарко Димитров.

Извор: vistina.com.mk

Previous НА ВИЛАТА НА ЕМИНЕМ ВЛЕТАЛ ОБОЖАВАТЕЛ
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 11. МАЈ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *