in ,

Последен поздрав за Драган Вучиќ: „Свирете ја зајди, зајди“ во нова изведба на Олгица Христовска и триесетина музичари (ВИДЕО)

http://viralno.mk/wp-content/uploads/2020/05/20200509102802-700x394-1.jpg

Триесетина музичари под водство на диригентот Љупчо Мирковски, ја отсвиреа одново, а Олгица Христовска ја испеаја песната „Свирете ја зајди, зајди“ како последен поздрав за Драган Вучиќ, кој почина пред пет дена. Покрај Мирковски и Олгица, во реализацијата на ова хоум издание учествуваа  и членовите на групата „Арија“ во чија прва постава на тапани свиреше и неговиот син Мартин, а и самите беа учесници и домаќини во музичкиот дел на некои од шоу емисииите на Вучиќ. Тука е уште и познатиот пијанист и аранжер, Дамир Имери и многу други млади инструменталисти.

Вучиќ ја компонираше песната во далечната 1992, за Олгица Христовска, со која пејаката победи на фестивалот на забавна музика „Макфест“ во Штип, а баладата со текот на годините стана евергрин.

Аранжманот е на Љупчо и Бобан Мирковски, стиховите на исто така покојниот Владимир Бато Нејашмиќ, аудио продукцијата на Љупчо Соколовски, додека сето ова во вид на домашен видеозапис го спакувал Никола Автовски.

„Твојата музика никогаш нема да зајде“ – гласи мотото под кое во чест на неговиот прерано починат автор, музичарите го реализираа овој негов безвремеснки евергрин.

Извор: vistina.com.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 9-10 МАЈ 2020 ГОДИНА

Женски имиња кои привлекуваат богатство и среќа