Цеца за својот внук купила колепка од чисто злато


Како што пишуваат српските медиуми, Цеца на Вељко и Богдана ќе им подари златна колепка за нивниот син.

Таа е изработена по посебни мерки и посебен материјал.

„Кога дозна дека Богана е бремена, Цеца уште тогаш имаше идеја да им подари оригинална колепка. За да биде изработена пред да се роди Жељко пејачката својата идеја ја споделила со синот Вељко. Таа заедно со него го црташе дизајнот за колепката. Неколку денови траеше целата замисла. Таа водеше сметка се да биде перфектно објаснувајќи ги сите детали на дизајнерот“, вели изворот близок до пејачката.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ЦЕЦА_ВЕЉКО_ANASTASIJA_БОГДАНА

Колепката е рачно изработувана во странство. На конструкцијата ќе има плочка на кое ќе биде изгравирано името на внукот, односно Жељко. Ваквите колепки чинат и по неколку илјади евра, а Цеца не се огласи по овој повод.

„Цеца никогаш не зборува за цената на работите кои ги купува, па така и за оваа колепка цената не ја откри ниту на нејзините деца и снаа. Само за транспортот на истата ќе чини многу пари, додава изворот.

Извор: vistina.com.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *