Над половина Французи се здебелиле за време на пандемијата со коронавирус


Дури 57 отсто Французите сега имаат повеќе килограми од почетокот на примените на мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, на 17 март.

Испитувањето спроведено од институтот Ифоп за специјализираната интернет-страница „Дарвин нутришн“ посочува дека француските граѓани имаат во просек 2,5 килограми поголема маса. Тоа, поради недостиг на движење, но и поради „постојаното грицкање“ седејќи дома.

Како што се наведува, 56 отсто од мажите и 58 отсто жени имаат неколку килограми повеќе. Меѓу нив, се истакнуваат невработените, двојките и родителите со деца.

Извор: Курир.мк

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 8. МАЈ 2020 ГОДИНА
Next Туторијал за фантастичен и лесен маникир во домашни услови (видео)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *