in ,

Непознат маж упаднал на имотот на Наташа Беквалац

Наташа Беквалац деновите во изолација ги поминува на својот имот во Ченеј, а друштво и прават нејзините ќерки и мајка.

Меѓутоа, деновиве пејачката доживеала голема непријатност кога непознат маж упаднал во куќата на пејачката.

Имено, во недела околу 11 часот непознат маж се појавил во домот на пејачката тврдејќи дека е нејзин пријател и дека дошол да и донесе подароци.

Тој почнал да ја бара Наташа по вилата, а кога пејачката го видела веднаш побарала од него да си замине тврдејќи дека не го познава. Таа овој случај го пријавала во полиција.

Како што пишува курир.рс, непознатиот маж бил уапсен и е утврдено дека психички не е стабилен.

Тој изјавил дека ја познава Наташа, а на социјалните мрежи оставал некултурни коментари под објавите на пејачката.

Извор: vistina.com.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЗАБАВНО ХОБИ КОЕ ГО НАМАЛУВА СТРЕСОТ – ПРЕПОРАЧАНО ОД ДОКТОРИТЕ КАКО ТЕРАПИЈА БРОЈ 1

Повод за славење: Татјана и Новица се пофалија пред сите – на честитките им нема крај (фото)