Оваа необична креација е креативен спој од наочари и визир

Во координација со актуелната ситуација и светската епидемија на коронавирусот, дизајнерите создадоа аксесоар кој ќе ве штити и тоа дупло – и од сонцето и штетното делување на УВ зраците, а и од вирусот Covid-19.
Њујоршкиот дизајнер Joe Doucet стои позади оваа креација, изјавувајќи дека сакал да создаде нешто помалку неудобно и „грдо“ за заштита на лицето од инфекцијата, па ги споил модерните наочари за сонце и визирот на необичен начин.
Неговата креација го покрива носот и устата и ги штити очите и дава вибрации како од некој футуристички научнофантастичен филм.


Дали би го носеле?

Извор: srekja.mk