Познатиот водител се вклучи во програма во живо, а во кадар упадна неговата гола љубовница (видео)


Познатиот шпански ТВ водител, Алфонсо Мерлос, се најде на мета на голем скандал.

Поточно, водителот беше обвинет за неверство откако полугола „непозната“ жена упадна во кадарот, за време на една  емисија каде Алфонсо  известуваше од својот домашен карантин поради пандемијата од Ковид-19.

Мерлос (41) го презентираше извештајот на каналот „Естадо де Аларма“, кога една жена, која се чини дека носи само градник, прошета низ просторијата, а тоа го улови и камерата.

Гледачите со „остро“ око забележаа дека жената не е девојката на Мерлос, sвездата на „Големиот брат“ Марта Лопез, туку 27-годишната новинарка Алексија Ривас.

“Добро сум и не сакам да давам никакви изјави по тоа прашање. Многу работи кои се кажани не се вистина”, рекол накратко Алфонсо на прашањето која е девојката.

Инаку, Мерлос е новинар, манекен и славна личност во Шпанија, а тамошните медиуми се занимаваат со љубовниот триаголник во кој се нашол. Неговата девојка Лопез вели дека е срамота тоа што го направил.

Извор: vistina.com.mk

Previous Брачен пар на печалба во Германија: „За две години купивме стан“
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 4. МАЈ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *