Девет работи кои не сте ги знаеле за Индијана Џонс


Џорџ Лукас, Стивен Спилгерг и Харисон Форд се дефинитивно тим за големи дела, а тоа го потврдија во летото 1981 кога филмаџиите ширум светот се запознаа со новиот акционен херој.

Во наредните години снимени се уште три продолженија, а се зборува дека следната година не чека и петтиот дел. Ова се податоците кои можеби не сте ги знаеле за ова култно остварување:

“Индијана” всушност го добил своето име по алјаскиот маламут на Џорџ Лукас. Тој бил прототип и за ликот “Чубака” од “Војна на ѕвездите”.

 # Лукас и Спилберг биле на Хаваите кога ја разработиле идејата за филм. Приказната почнала така што Спилберг изразил желба да режира филм за Џејмс Бонд, а Џорџ Лукас кажал дека има подобра идеја.

Лукас на почетокот не сакал да го ангажира Харисон Форд, бидејќи тој веќе бил во два негови филма.

# Лукас и Спилберг најпрвин ја понудиле главната улога на Том Селек, кој не можел да прифати улогата поради улогата во серијата “Магнум П.И.” за која добил две награди Еми и еден Златен глобус. Инаку, Том Селек е американски глумец со српско потекло.

 # Како би била снимена познатата сцена Вел од Соулс биле потребни 7000 змии да го покријат подот. Интересно е тоа што Харисон Форд не се плаши од змии, за разлика од ликот кој го глуми.

 # Клубот кој го поседува Лао Че во делот “Индијана Џонс и проклетиот храм” се вика Оби Ван по примерот на ликот од “Војна на ѕвездите”.

# Џорџ Лукас сакал “Проклетиот храм” да биде многу помрачен од “Грабнувач на изгубениот ковчег” бидејќи во тој момент се разведувал.

Кејт Кепшо не знаела да вришти,а бидејќи нејзиниот лик имал многу сцени со вриштење, Спилберг морал да ја научи како се прави тоа. 

# Кепшо и Спилберг имале афера на снимањето на филмот “Индијана Џонс и проклетиот храм”, иако Стивен во тоа време бил оженет. Набрзо се развел и се венчал со Кејт. Во овие денови треба да се забавувате, потсетете се на овој филмски серијал, а доколку сакате и добро да заработите, посетете го “mozzart.com” каде покрај бонусот од 100 евра за нови корисници и другите бонуси за постоечките корисничи, ве чека и играта “John Hunter” што многу потсеќа на авантурите на Индијана Џонс.

ЗАПОЧНИ

Извор: tocka.com.mk

Previous СРЕЌЕН МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА МАЈ 2020 ГОДИНА
Next Еве чија љубов во светот на познатите коронапандемијата ја уништи, а чија ја зацврсна, како никогаш порано (ВИДЕО)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *