Зошто ги сакаме негативците во филмовите и сериите?


Љубителите на филмови и серии ќе ви понудат различни теории и концепти по кои ги делат и ценат нивните омилени дела. ТВ и филмската индустрија врти милијарди долари годишно благодарение на нашата фасцинација со екранизацијата на измислените ликови.

Посебна приказна и магија се негативците како Дарт Вејдер, Џокерот и Лорд Волдеморт, покажуваат најновите истражувања.

Има научно објаснување зошто ги сакаме негативците. Според едно најново истражување чии резултати беа објавени во списанието Psychological Science, гледачите наоѓаат изненадувачки сличности со овие ликови.

Истражувањето покажува дека фикцијата овозможува еден вид когнитивна сигурносна мрежа и ни пружа прилика да се поистоветиме со овие негативци, а притоа да не го изгубиме сопствениот идентитет.

Ребека Краузе од Универзитетот Нортвестерн своето истражување на оваа тема го објаснува со зборовите дека измислените приказни и светови може да му понудат на човекот „безбедно прибежиште“.

„Кога луѓето се чувствуваат заштитено со ‘превезот’ на фикцијата, тогаш можат да покажат поголем интерес за истражување на негативните ликови со кои имаат сличности“, вели таа.

Научниците долго време предлагаат луѓето да се дистанцираат од други луѓе кои им се слични во негативните особини. Овие особини, според мислењето на научниците, може да претставуваат закана за сликата што човекот ја има за себе. Луѓето сакаат да се гледаат во позитивно светло, а наоѓањето сличности меѓу себе и некој човек со лоши особини може да биде непријатно и да им наштети на психата.

Меѓутоа, постојат и луѓе на кои поистоветувањето со негативците не им причинува непријатност и неудобност. Напротив, тоа за нив е многу примамливо.

„На пример, луѓето кои се доживуваат самите себе како лукави, може да се почувствуваат слично како ликот на Џокерот во филмовите за Бетмен, додека личнсти со висок интелект и амбиции може да почувствуваат поврзаност со Лорд Волдеморт од серијалот за Хари Потер“, објаснува Краузе.

За да ја тестираат оваа идеја, истражувачите анализирале податоци од CharacTour, забавна онлајн платформа за споделување мислења за ликови, која во време на истражувањето имала  околу 232.500 регистрирани корисници.

На платформата има опција за корисниците да направат квиз за ликови негативци и да ги откријат сличностите со нив. Меѓу негативците има ликови како Џокерот и Дарт Вејдер.

Анонимните податоци од овие квизови им овозможиле на истражувачите да проверат дали и колку луѓето ги сакаат негативците од филмовите и сериите. Резултатите покажале дека луѓето најмногу ги сакаат негативците со кои имаат најмногу сличности.

Извор: kajgana.com/

Previous Тамара и свекрвата ги здружија силите за роденденот на Хана – резултатот соврешен (фото)
Next Новиот контракт кој не е контракт со наслов: HITMAN 2 - Grand Theft Bosco

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *