Ламбе Алабаковски стана татко – еве кое име го одбра за наследникот (фото)


Некогашниот пејач Ламбе Алабаковски иако не е активен на музичката сцена знае да биде активен на социјалните мрежи и да ги извести фановите за новите случувања во неговиот живот.

Пејачот заедно со сопругата Магдалена и синот Михаил живее во САД, а микрофонот го замени со работа како обезбедување на аеродром.

Ламбе ужива во семејните мигови и во љубовта со неговата сопруга  и синот, надвор од обврските си посветуваат време и максимално уживаат.

Меѓутоа, деновиве среќни вести пристигнаа во домот на пејачот, односно нивното семејство стана побагато за нов член.

Имено, Ламбе стана татко по вторпат. Тој и Магдалена станаа родители на уште еден син.

Пејачот среќните вести ги сподели на својот „Инстаграм“ профил.

„Добредојде Димитриј. Во оваа светла седмица уште една радост од Бога ја споделуваме со вас. 23.04.2020“ напиша Ламбе на социјалните мрежи.

Под објавата се нижеа честитки и убави желби за новородениот син на пејачот.

Редакцијата на вистина.ком.мк се приклучува кон честитките, да е жив и здрав синот и секогаш да ве прави горди родители.

Извор: vistina.com.mk

Previous (ФОТО) „УЖАСНИТЕ“ САНДАЛИ ПОВТОРНО ГЛАВЕН ТРЕНД И ОВА ЛЕТО
Next Kарантинска промена: Тијана Дапчевиќ посети фризерски салон, а ова е крајниот резултат (фото)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *