Поминаа 25 години од спотот на Цеца за песната „Знам“, а еве како денес изгледа манекенот по кој девојките лудуваа (фото)


Цеца Ражнатовиќ направи бум кога, пред 25 години направи многубројни високобуџетни видеа со режисерот Дејан Миличевиќ за нејзиниот тогаш нов албум „Фатална љубов“, во кој најдоа песните „Иди док си млад“, „Београд“ и други .

Еден од нив остана запаметен и денес, а тоа е видео за песната „Знам“.

Видеото погледнете го на следниот линк: Ceca – Znam

Покрај Цеца, во спотот се појавува и тогаш непознатиот Бане Ерчиќ, на кој жените буквално одлепија!

Светлата коса и впечатливите зелени очи му беа заштитен знак на овој манекен, кој подоцна се појави во многу кампањи и видеа. Сепак, тој исчезна од јавната сцена и никогаш повеќе не се појави во светот на шоубизнисот.

ФОТО:ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Како што пишуваат српските медиуми, Бане и денес живее во Белград, зад себе има еден брак од кој има дете. Тој веќе подолго време не е модел, но стана физиотерапевт и масер.

Извор: vistina.com.mk

Previous #Бекстејџседидома: Вечерва онлајн со вас на Инстаграм – Елена Ристеска
Next Навика која мора да ја заборавите – еве зошто не треба да чувате чаша со вода покрај креветот

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *