Како што веќе знаете, пред неколку дена и официјално стартуваше кампањата #Бекстејџседидома, на најгледаниот и најпопуларен забавен ТВ магазин „Бекстејџ“, кој ја прилагоди и адаптираше својата програма и содржини во новосоздадените услови на карантин и домашна изолација.


И оваа седмица продолжуваме со #Бекстејџседидома… Live!
Неделава, понеделнички, на 27. април 2020 година ја започнуваме директно од дома со една од најпознатите македонски музички ѕвезди, атрактивната поп пејачка Елена Ристеска.

Лајвот почнува точно во 20.00 часот, а сите фанови ќе имаат можност да се вклучат во живо, да ги прашаат гостите она што сакаат, а можеби и да ги слушнат како пеат во живо, или пак да изведат нешто во домашни услови.

Затоа, не излегувајте никаде и не пропуштајте #Бекстејџседидома… Live!
Извор: vistina.com.mk