Направете сами природна фарба за коса


Иако овие денови сме во изолација, тоа не значи дека треба да се откажеме од негувањето.

Ова решение кое денеска ќе ви го претставиме е одлично бидејќи воопшто нема да ви ја оштети косата, а ќе изгледате како туку што да сте излегле од фризерски салон.

Со оваа техника ќе ја освежите бојата и ќе го вратите сјајот на влакното, а истата е наменета за дамите кои имаат кафеава или црна коса. Сè што ви е потребно е кафе.

Постапката е едноставна – пригответе кафе како што обично го приготвувате кога го пиете. Во зависност од должината на косата ќе ви биде потребно помеѓу 250 и 500 мл. од овој црн напиток.

Оставете да се излади, а потоа на 250 мл. кафе додадете две лажички регенератор за коса и добро измешајте.

Намачкајте ја косата со природната фарба, детално и полека, и оставете да отстои еден час замотана во проѕирна фолија. Потоа измијте ја косата без додавање на шампон.

Ако сакате да добиете уште потемна нијанса, повторете ја постапката. Со оглед дека во овој случај не се користи никаква хемикалија, не постои страв од оштетување на влакното .

Извор: точка.ком.мк

Previous Нешто во врска со новиот МИКС: Timbaland - The Way I Are ft Keri Hilson, D O E , Sebastian (DJ Ljupce1982 MIX)
Next Твитерџиката и ветеринарка Наташа или уште позната како Бојчен

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *