Драгана Мирковиќ се потсети на своите починати колеги, а меѓу нив и Тоше: „Боже, колку ми недостигаат овие луѓе“


Популарната пејачка Драгана Мирковиќ во време на изолација во нејзиниот дом во Виена се потсети на своите покојни колеги, односно пејачи и еден српски актер.

Драгана објави фотографија со Шабан Шаулиќ, кралот на народната музика на која и двајцата се насмеани.

Мирковиќ исто така објави и фотографија со и Синан Сакиќ, Тоше Проески, како и починатиот српски актер Милорад Мандиќ.

„Боже, колку ми недостигаат овие луѓе – Шабан Шаулиќ, Синан Сакиќ, Манда, Тоше“, напиша пејачката во описот на фотографијата.

Многубројни колеги оставија коментари под објавата, а меѓу нив Дара Бубамара, Жељко Самараџиќ, Ана Севиќ.

Манде почина на 15 јуни 2016 година кога во текот на претстава се сруши на сцена. Синан почина на 1 јуни 2018 година по борбата со опасната болест.

Шабан почина на 17 февруари 2019 година во сообраќајна несреќа во Германија, а Тоше Проески почина на 16 октомври 2007 година во сообраќајка на автопатот кај Нова Градишка во Хрватска.

Извор: vistina.com.mk

Previous Во живо сега Музика од младинскиот парк
Next ШТО ПРЕДИЗВИКУВА ДЕПРЕСИЈА КАЈ СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК?

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *