„Ролинг стоунс“ првпат по осум години објавија песна


Британската група „Ролинг стоунс“ ја објави песната „Living In A Ghost Town”, којашто е нивни прв сингл по осум години пауза.

Песната може да се поврзе со кризата којашто е предизвикана од пандемијата со новиот коронавирус.

Во соопштението на бендот се наведува дека песната е снимена пред 1 година во Лос Анџелес, но дека е завршена во карантин.

„Песната е напишана во рок од 10 минути во февруари 2019 година“, изјави Мик Џегер.

Тој додаде дека песната не е напишана за сегашната ситуација, но зборува за место коешто порано било полно со живот, а сега е речиси празно. „Добивме идеја да ја смениме песната бидејќи некои делови одговараа, а други беа премногу чудни и мрачни“, вели Џегер.

Слушнете ја новата песна:

Извор: kajgana.com

Previous НАЈУБАВИ ФОТОГРАФИИ ОД НЕБОТО: КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖИ ЈАТО ПТИЦИ, НАСТАНУВА МАГИЈА!
Next Во домот на Здравко Чолиќ пристигна нов член (фото)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *