in , ,

Милица Тодоровиќ си најде откачена занимација во карантинот: Пејачката му ги офарба веѓите на татко и за да личел на Кеба, ама… (ФОТО)

Пејачката Милица Тодоровиќ  никогаш не уживала толку многу со своето семејство пред да започне корона пандемијата, а нејзината забава дома ја прават урнебесна сестра и, нејзиниот татко Милан и мајката Јасмина.

Откако во една од претходните вечери за време на полицискиот час ја качи мајка и ја качи во автомобилот па ја возеше низ дворот, од влезната врата на домот до влезната капија во авлијата и назад, сега Милица реши да најде нова откачена занимација во домот.

Имено, пејачката реши да му ги нацрта веѓите на својот татко и откакотоа го стори, сите слатко ги изнасмеја.

„Па, вакви веѓи има Кеба“ – коментираше сестрата на Милица, а пејачката веднаш излезе со идеја како да го реши проблемот со претерано тенките веѓи на татко и, секако, сето тоа  проследено со добра забава.

„Морам да го прашам Кебица каде му ги правеле веѓите и да те испратам таму“ – му рече Тодоровиќ на нејзиниот татко, кој и возврати дека сега ќе му смеат на работа.

„Што имаа да ти смеат?“- не и беше јасно на Милица, се’ додека брзо не сфати дека не го направила тоа добро.

„Сум ти направила женствен облик и форма… Почекај една минута да ги задебелам“ – се обиде да се извади пејачката, а потоа татко и Милан, откако ја виде „корекцијата“ рече дека сега изгледа како Бранислав Лечиќ.

Извор: vistina.com.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

НАШИТЕ БИСЕРИ ПО СВЕТОТ: „ШТО МИ Е МИЛО И ДРАГО“ – ОНЛАЈН, ИСПЕАНА ОД ТРОЈЦА БРАТУЧЕДИ, МУЗИЧКИ УМЕТНИЦИ ВО ТРИ РАЗЛИЧНИ ЗЕМЈИ (ВИДЕО)

ВИДЕО: Запознајте ја личноста која го глуми Лара Корофт ликот на Томб Рајдер играта зад камерите