Деновите на Елена Ристеска не изгледаат како во карантин кога е таа во нејзино друштво (фото)


Помина повеќе од еден месец како во Македонија е вонредна состојба и најголемиот дел од времето го поминуваме дома, во изолација, меѓу четири ѕида…

Корoната или Ковид19 ни стави ограничување на сите наши секојдневни активности, рутини, дружби со блиските пријатели, роднини….

Македонските јавни личности досега беа креативни, па времето во изолација го поминуваат на разни начини, односно со разни интересни предизвици, некои се покажаа како добри домаќинки, други се вклучуваа во живо на „Инстаграм“ од своите домови, трети се снимаат за Тик Ток…

Македонската пејачка Елена Ристеска пред да започне вонредната состојба и општиот хаос со короната се врати од Мајами, а како што истакна тогаш додека била во авион и носела маска многумина и се смееле да не има корона.

Таа често преку социјалните мрежи апелира да се остане дома и да се почитуваат мерките за заштита.

Меѓутоа, Елена и во домашни услови не престанува да тренира и да ја одржува својата кондиција.

Во изминатиот месец  додека сме дома, постојат драги пријатели, роднини, драги луѓе кои не сме ги виделе, а Елена за овие денови во карантин го има најдоброто друштво односно нејзината внука Делфина за која вели дека нејзините денови не изгледаат како во карантин кога е покрај внуката.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

„Јас не се чувствувам како во карантин со мојата внука Делфина“ напиша пејачката во описот на фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Објавата за краток период доби повеќе од 3 000 лајкови, а се најдоа и многу коментари меѓу кои и на пејачот Жељко Самарџиќ.

Извор: vistina.com.mk

Previous Еве како Јован Јованов заедно со својата ќерка го минува времето во изолација во својот дом во Канада (фото)
Next ВИДЕО: Погледнете ја новата Тракманија која ќе излезе во скоро време

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *