Grand Theft Auto се враќа подобра од кога било


Новото продолжение на светски познатата игра Grand Theft Auto е во фаза на развој, тврди извор близок до гејмерското студио Rockstar Games.

Екстремно популарната GTA со сигурност добива продолжение, а петтото се смета за една од најдобрите игри со отворен свет.

Откако излезе GTA 5 пред седум години, студиото Rockstar Games работеше на играта Red Dead Redemption 2, а за продолжение на GTA немаше ни најава, ни шпекулации.

Сепак, доверливи извори велат дека не само што се подготвува нова GTA, која најверојатно ќе се вика едноставно Grand Theft Auto VI, туку и ќе биде најдобра досега. Наводно се завршени две третини од играта.

Попрецизни детали за светот, ликовите и возилата во новата игра засега нема, но шпекулациите се дека девелоперите овојпат имаат поразличен пристап. Еден од плановите е играта да биде игра со умерени размери (што по стандардите на Rockstar сепак ќе биде голема игра), а со тек на време би се ширела со редовни ажурирања.

Извор: kajgana.com

Previous ПОЧИНА ЏИН ДАЈЧ, АНИМАТОРОТ И РЕЖИСЕР НА ЛЕГЕНДАРНИТЕ ЦРТАНИ ФИЛМОВИ „ТОМ И ЏЕРИ“ И „ПОПАЈ“
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 21. АПРИЛ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *