ОВА Е ПОЛУБРАТОТ НА МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ: СЕ ЗАНИМАВАШЕ СО ПЕЕЊЕ, БЕШЕ УЧЕСНИК ВО РИЈАЛИТИ, А ЕВЕ ШТО ПРАВИ ДЕНЕС


Поп-пејачката Марија Шерифовиќ важи за една од најдобрите вокалисти во регионот, а талентот за пеење, покрај нејзината мајка Верица Шерифовиќ, во семејството го има и нејзиниот полубрат, пејачот Даниел Павловиќ.

Пошироката јавност го запозна Даниел во 2008 година, кога се натпреваруваше во шоуто „Операција триумф“.

ФОТО:ОПЕРАЦИЈА ТРИУМФ/ПРИНТСКРИН/ЈУТЈУБ

Неговото учество во оваој натпревар беше обележано со кавги со учесниците, па тој остана запаметен по карактерот отколку по талентот. После крајот на шоуто, тој започна да ја гради својата пејачка кариера.

Во 2011 година, Даниел ја испроба како учесник во ријалити шоуто „Двор“, но и таму не се прослави особено.

ФОТО:ДВОР/ПРИНТСКРИН/ЈУТЈУБ

Потоа, Павловиќ продолжи да пее, а истовремено работеше и како професор по пеење во училиште за пеење, што го отвори заедно со сестра му по татко, Марија.

View this post on Instagram

Natural habitat.

A post shared by Danijel Pavlović (@danijelpavlovic) on

Во последниве години, Даниел не се појавува во медиумите, сними песни и е посветен на работата со учениците во неговото училиште за пеење. Многу често работи и со кандидати од „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинк Ѕвезди“.

Извор: vistina.com.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *