ИДЕАЛНО ЗА ВИКЕНД: СО ОВАА СТРАНИЦА НЕМА ПОВЕЌЕ ДА СЕ МАЧИТЕ БАРАЈЌИ ФИЛМОВИ


Ако овој продолжен викенд со полициски час сакате да го поминете со квалитетно филмско уживање, а едноставно немате идеја каде да пронајдете добри препораки, тогаш треба да ја погледнете Suggest Me Movie страницата.

Оваа веб-страница фукционира така што можете да одберете период кога филмот е снимен/прикажан (помеѓу 1900 и 2020 година), како и јазикот на кој сакате да биде филмот. Освен тоа, достапна е и опцијата за бирање на оценка која фимот ја има на IMDB, па така можете да одберете и самата страница да ви даде предлози само со филмови кои имаат оценка над 7, 8, 9…

Голем љубител сте на трилери, но воопшто не ви се допаѓаат хорорите? Благодарение на филтерот на жанрови, едноставно можете да ги одберете само оние жанрови кои сакате да ги гледате, па предлозите ќе бидат само со нив. Покрај тоа, користете и клучни зборови со кои на страницата ќе ѝ помогнете да ви даде совршен предлог (на пр. Бред Пит, борба, автомобили, итн…).

Извор: kajgana.com

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *