Sony подарува 4 игри на корисниците на конзолата PS4


Компанијата Sony во склоп на својата иницијатива Play At Home, на корисниците на конзолата PlayStation 4 им подарува 4 игри.

Sony сака да ги охрабри луѓето да останат во нивните домови додека трае пандемијата со коронавирусот, па од вчера нуди 4 бесплатни игри за PS4.

Играта Journey доби оценка 10/10 на порталот GameSport кој објавува информации за игри и рецензии за истите.

Преостанатите три игри се од колекцијата Uncharted: The Nathan Drake Collection, која вклучува 3 игри, а тоа се Uncharted: Drake’s Fortune, Uncharted 2: Among Thieves и Uncharted 3: Drake’s Deception.

Игрите се достапни за симнување до 5 мај.

Извор: kajgana.com

Previous Цеца и Анастасија со песна се потсетија на вчерашниот роденден на Аркан: Сопругата му пееше нему, а ќерката сподели уникатна снимка каде Аркан и пее на Цеца (ВИДЕО)
Next Неверојатен пронајдок во вселената – агенцијата NASA смета дека ја откри ‘втората Земја’

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *