Хороскопски знаци кои тешко поднесуваат раскинување


Некои личности се поемотивни од другите, а воедно некои и потешко се носат со промените и раскинувањата.

Токму таквите карактеристики им се заеднички на одредени хороскопски знаци кои не знаат како да го прифатат љубовниот бродолом.

Рак

Тие се најголемите емотивци со кои ќе с есретнете, па не е чудно што љубовта и семејството им се на прво место. Сепак, имаат проблем со рационалниот поглед на работите, па често го идеализираат минатото, додека сегашноста не им е доволно добра.

Не сакаат промени и тешко се носат со оставање, па на секој начин ќе се трудат да ја одржат врската, дури и кога на сите им е јасно дека тоа нема повеќе смисла.

Риби

Дури и кога ќе пронајдат нова љубов, припадниците на овој хороскопски знак ќе имаат посебно место на кое ги чуваат работите кои ги потсетуваат на поранешниот партнер. Нивниот процес на тагување трае долго, па неретко самите себе се мачат потсетувајќи се на минатото.

Скорпија

Тие во исто време време се чувствителни и силни, но и стаствени. Искрено уживаат во љубовта, па за секој партнер мислат дека е правиот. Истотака, многу се љубоморни и тешко го прифаќаат фактот дека нивниот поранешен партнер пронашол среќа со некоја друга личност.

Бик

За нив опоравувањето од пропадната врска е долготраен процес, но тоа никогаш нема да го признаат. Патат и тагуваат во себе, додека на прв поглед изгледа како раскинувањето воопшто да не ги ни погодува.

Извор: kajgana.com

Previous СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 18-19 АПРИЛ 2020 ГОДИНА
Next Снимиле китови во Јадранското море: Погледнете ја прекрасната глетка

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *