СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 18-19 АПРИЛ 2020 ГОДИНА


Бикот може да очекува авантура, Ракот го очекува поволен викенд за одмор и релаксација, Јарецот може да очекува работна понуда во иднина.

ОВЕН

Пред вас е фаза која носи подобрување на работно поле. Ако ги земете работите во свои раце ќе бидете задоволни. Доколку сте слободни, нема лесно да најдете нов партнер. Поволен викенд за одмор. Можни се проблеми со белите дробови.

БИК

Треба максимално да се посветите на работата пд следната недела за да можете да ги остварите своите цели. Не ги одложувајте обврските. Може да очекувате убава авантура која долго ќе ја паметите. Внимавајте на своето здравје.

БЛИЗНАЦИ

Планирате приватен бизнис кој би можел да донесе стабилизација на деловно поле. Подготвени сте да му се посветите на партнерот и искрено да му покажете што чувствувате кон него. Проблеми со синусите.

РАК

Ве очекува поволен викенд за одмор и релаксација. За краток период ќе запознаете личност која ќе ви го привлече вниманието. Потребна ви е физичка активност.

ЛАВ

Ве очекува можност за нови промени и прилив на финансии. Подготвени сте максимално да се посветите кон освојувањето на личност која ви се допаѓа. Водете сметка за исхраната.

ДЕВИЦА

Задоволни сте со околностите на работно поле. Може да очекувате стабилна состојба на ова поле. Саканата личност сакате да ја заштитите од сѐ, но можеби некогаш претерувате во тоа. Зајакнете го имунитетот.

ВАГА

Добро сте расположени и подготвени сте максимално да се посветите на работата по завршување на викендот. Имате многу елан и мотивација. Личноста која ви се допаѓа ќе ги покаже искрените емоции кон вас. Водете сметка за градниот кош.

ШКОРПИЈА

Може да очекувате дека ќе бидете задоволни од околностите на работно поле. Работите се движат онака како што посакувавте. Ќе остварите интересно познанство преку кругот на пријатели. Најпрво ќе бидете резервирани. Водете сметка за стомакот.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас е поволен период за нова работа или било каква промена. Дојде време да свртите нов лист. Подготвени сте да разговарате за заедничката иднина со саканата личност, можеби планирате заеднички живот. Минлива настинка.

ЈАРЕЦ

Може да очекувате нова соработка. Подготвени сте да повлечете нови, важни деловни потези. Пред вас е поволна фаза за нови познанства. Но, вие не сте подготвени за сериозна врска. Внимавајте на своите навики.

ВОДОЛИЈА

Ќе остварите важен напредок на работно поле во иднина. Пред вас е поволна фаза која може да донесе нов почеток на врска. Подготвени сте за љубов. Консумирајте свежи намирници.

РИБИ

Може да очекувате добра соработка со своите колеги. Имате солидна комуникација и се надополнувате на работното место. Иако постои личност која ви нуди сериозна врска, вие сѐ уште не сте подготвени за тој чекор. Проблеми со главоболка.

Извор: srekja.mk

Previous МЕСТА ОД ДИЗНИЕВИТЕ БАЈКИ КОИ ПОСТОЈАТ ВО ВИСТИНСКИОТ СВЕТ
Next Хороскопски знаци кои тешко поднесуваат раскинување

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *