Неверојатен пронајдок во вселената – агенцијата NASA смета дека ја откри ‘втората Земја’


Иако телескопот Kepler Space ‘се пензионираше’, мисијата сепак и понатаму трае, па експертите од компанијата NASA неодамна меѓу податоците кои што телескопот ги забележал порано, пронашле информација за егзопланета која што потсетува на нашата планета – Земја.

Нашиот дом во иднина?

Kepler без гориво останал во 2018-та година, но експертите и понатаму истражуваат сè она што забележал и открил тој додека ги набљудувал оддалечените планети надвор од нашиот соларен систем.

Така дошол и до егзопланетата која што го добила името Kepler-1649c, и која што од Земјата е оддалечена 300 светлосни години.

Еспертите ја опишале како ‘планета која што е најблиска до Земјата по големина и проценетата температура’, и е прва на списокот од неколку илјади досега откриени егзопланети.

Планетата од својата ѕвезда е оддалечена доволно за на површината да задржи вода, што ја отворило приказната за ‘втората Земја’ која што чека да се стигне до неа.

Проблемот е во тоа што оваа планета, кружи околу црвеното џуџе – ѕвезда која што, како што тврдат експертите, има непредвидливо ‘однесување’, а истото може да влијае фатално за сите останати небесни тела кои што се наоѓаат во нејзино опкружување.

Остануваат уште многу податоци врз основа на кои може да се откријат други планети кои што личат на нашата планета, а најновото откритие најинтересно им е на оние кои што фантазираат за втората Земја и ширењето на човештвото во космосот.

Извор: tocka.com.mk

Previous Sony подарува 4 игри на корисниците на конзолата PS4
Next Драгана Мирковиќ покажа како изгледа нејзиниот дом за време на Велигден, но сите забележаа само еден детаљ

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *