Марија од „Ај Кју“ се соблече гола: Пејачката од сите предрасуди ослободена, позира како од мајка родена, задскриена зад стара гитара (ФОТО)


На пејачката на скопското дуо „Ај кју“ очигледно во карантинот покрај тоа што и е тесно и тешко и станало и жешко. Јасно е дека на сите не ние лесно да ја издржиме „казната што живот значи“, но разни луѓе, очигледно различно ја доживуваат осаменоста и затвореноста  во четири ѕида. Така, едни клаустофобијата ги гуши, други карантинот ги нервира, трети пак ги инспирира… Оттаму се изродија и морето предизвици на социјаллните мрежи, кои не само што треба да помогнат за надминување на здодевноста, туку некои од нив ја будат фантазијата и предизвикуваат љубопитноста: Што тоа таму се случува  зад затворени врати?

А помеѓу врати и ѕидови, најразлачни видови или поточно типови карактери. Естрадата – посебна сорта. Пеење, танцување, перници околу појас со колан врзување, чистење, готвење, гимнастика… и уште каква се’ не ти практика покажаа естрадните ѕвезди во мирување, за разонода и смирување на „разиграните живци“.

Она што е најново е најновиот предизвик, кој го постави младата пејачка на поп дуото „Ај кју“ – Марија. Откако ја „изгуслаа“ Евровизија, па се обидоа да чепнат нешто и по Европа, музичко – љубовната двојка Бојан и Марија, корона пандемијата ги натера своето „Ај кју“ да го вратат дома.

Дали заради „хормоните пуштени на најјако“ во крантинот или желбата свесно да се крене некому адреналинот – не знаеме, ама затоа она што сите дознаа и видоа е како изгледа пејачката на дуото кога е гола. Имено, задскриена само зад стара акустична гитара, Марија од сите предрасуди ослободена, се соблече како од мајка родена за да позира.

Наводно, во прашање е најновиот предизвик која сама го постави и наслови: „Гол гитара предизвик“, па ги прозва другарките да ја следат. Предизвик или маркетиншки трик, а можеби и обете, ќе покаже времето. Она што остана дилема е зошто токму гитара? Дали Марија одбра да се соблече зад гитарата, заради тоа што токму нејзиниот љубовник ја свири или…?

Ако е така, веројатно многумина веќе посакаа, наместо гитара, тој да свиреше некој друг инструмент, како на пример… кларинет!?

Извор: vistina.com.mk

Previous Марко го виде Моша: Слаткар направи сефте средба и прва фотографија со новородениот син (ФОТО)
Next Зошто вашите козметички производи немаат дејство како првиот ден?

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *