Сопругот на Пинк: „Коронавирусот ѝ ги нападна белите дробови, едвај дишеше“


Сопругот на Пинк, Кари Херт раскажа повеќе детали за здравствената состојба на пејачката и нејзиниот син кои се позитивни на корона.

Пинк на 3 април на својот „Инстаграм“ откри дека двајцата се позитивни.

„Беше напнато. Двајцата се разболеа. Мојот син имаше полоши симпотоми, а тоа ја демантираше теоријата дека заболуваат само постарите луѓе. И мојата жена беше многу лошо. Коронавирусот и ги нападна белите дробови. Тешко дишеше“ вели Харт во емисијата  „Jason Ellis Showu“.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

„Пинк стана многу нервозна кога види дека се шири коронавирусот, се смета загрозено поради ситуацијата со асмата. Никаде не одевме, бевме во потполна изолација. Живееме во мал град и не сакавме никој да заразиме. Само бевме кај доктор и педијатар“ додава Харт.

Пинк ја критикуваше владата за тоа што тестирањата не се достапни, а болеста е доста сериозна.

„Луѓето мора да знаат дека болеста влијае и на млади, стари, здрави и нездрави, богати и сиромашни, а тестирањето мораме да го имаме бесплатно и широко достапен, за да можеме да ги заштитиме нашите деца, нашето семејство, пријателите и нашата заедница“ изјави пејачката.

Добрата вест е што Пинк и нејзиниот син се веќе оздравени од коронавирисот

Извор: vistina.com.mk

Previous Mарјана Станојковска во бикини ги покажа своите атрибути, па откри што најмногу и недостига во карантинските денови
Next Шест важни совети: Како да станете рано, а да не се чувствувате лошо?

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *