Неколку чекори до сјаен изглед за вашиот утрински онлајн работен состанок


Освежете се, направете ја вашата кожа посјајна и не заборавајте насмевка полна со доверба пред секој состанок на Зум.

Часовникот отчука 8:45 а вие само што се разбудивте. Состанокот на Зум почнува точно за 15 минути, а откако ќе ги пресоблечете пижамите и ќе ја врзете косата во репче ви остануваат точно 5 минути за да го исчистите лицето. Хајлајт или маскара? Контурирање или без контурирање? Применувајте ги овие корисни трикови и секогаш оставајте беспрекорен и свеж впечаток на личност која е во секое време извонредно негувана и подготвена за деловни предизвици.

Нанесете хидратантна крема

Негата на кожата е број еден кога започнувате било каков бјути лук, без разлика дали сте дома или не. По брзото чистење, препорачливо е да се нанесе хидратантна крема која и дава на кожата посебен сјај. Како примарен избор изберете производи со екстракти од хијалуронска киселина и хербални производи.

Неколку капки за очи

На камера ќе изгледате уште поуморни ако очите ви се малку црвени. Затоа секогаш имајте капки за очи при рака, така што очите секогаш ќе ви се чисти и јасни, без црвенило и капилари.

Маскара

Маскарата ќе додаде дефиниција на очите а исто така и ќе ги отвори.

Руменило

Кога станува збор за онлајн повиците, иако тие се HD, може да изгледате бледо. За да избегнете впечаток како штотуку да сте се разбудиле од кошмар, нанесете руменило кое е малку поинтензивно отколку она обично што го нанесувате.

Додадете коректор

Коректорот е најважниот дел и најдобриот пријател кога сакате да ги скриете акните и темните подочници. Користете ги прстите за брзо да го нанесете коректорот под очите, на носот и на внатрешните делови на очите. Ако имате дополнителни 30 секунди за малку контура, нанесете ја. Сега сте подготвени, свежи и рафинирани и ова ќе ви даде дополнителна самодоверба да цветате на секој состанок.

Извор: попара.мк

Previous Денот без шминка не поминува: Прва фотографија на Цеца од изолација (фото)
Next Зошто попладневното спиење не е добра идеја?

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *