Антониа Гиговска бесна на оние кои не ги почитуваат мерките за заштита од корона: „Јас сум будала што седам дома?“


За заштита од коронавирусот надлежните институции донесуваат мерки со цел да се спречи ширењето на вирусот кој во цел свет зема замав, а секој ден расте бројот на заразени, но и на починати.

Една од мерките е полицискиот час кој трае секој работен ден од 16 часот до 05 часот следниот ден. Меѓутоа, овој викенд беше воведен полициски час кој траеше од петок по 16часот до понеделник до 05 часот наутро.

Надлежните институции апелираа до сите граѓани да останат дома и да ги почитуваат мерките и препораките, а на тој начин да го зачуваат своето здравје, но и здравјето на најблиските и најмилите.

Имаа оние кои ги почитуваа советите и изминатитот викенд останаа во своите домови, станови…И македонските јавни личности овој викенд наместо на тезга, кафе, ресторан или патување останаа во своите домови.

Но, ги имаше и оние кои не ги почитуваа мерките за заштита, а тоа ја разлути македонската пејачка Антониа Гиговска која спаѓа во групата на граѓани која ги почитува мерките и седи дома.

Имено, Антониа и нејзиното момче се пример за почитување на препораките и често се вклучуваа на социјалните мрежи од каде што ги забавуваа своите следбеници.

Меѓутоа, овој пат Гиговска се налути на оние кои за време на полицискиот час се собирале во викендички, па на „Инстаграм стори“ напиша:

„Не знам кој дел од НЕ СЕ СОБИРАЈТЕ У ГРУПИ И СЕДЕТЕ ДОМА не е јасен… Јас сум будала што седам дома?

ФОТО: ИНСТАГРАМ

За потсетување, многу од јавните личности апелираат да се остане дома бидејќи само на тој начин може ова лудило да заврши.

Извор: vistina.com.mk

Previous Свадбата на Викторија Лоба откажана: „Во карантин ќе дознаете дали сте за брак или не“
Next Ноне во домашна изолација си најде интересна занимација (фото)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *