АНА ВИНТУР ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО ВАЖНА ПОРАКА: „ПОЗИТИВАТА МОМЕНТАЛНО Е ДРАГОЦЕНО НЕШТО.“


„Мислам дека после ова, ќе биде невоможно да се земаат драгите личности и важните односи „здраво-за-готово“. Тука спаѓа и креативноста која пандемијата не може да ја замолчи!“, напиша Ана Винтур.

Ана Винтур, најпопуларната модна уредничка, не објавува често на социјалните мрежи, но овие денови сподели фотографија на која позира заедно со своето милениче и нагласи дека треба да останеме позитивни во моменталната ситуација: „Позитивата моментално е драгоцено нешто.“ Додаде и хаштаг #stayhome, односно повика сите да останеме дома.

За ситуацијата околу коронавирусот, Винтур во магазинот Vogue изјави дека овие денови чувствува нешто блиско на потполно уживање поради тоа што се случува во модната индустрија – го спомена Ралф Лорен кој донираше 10 милиони долари за борбата против вирусот Covid-19, како и целата LVMH групација која во фабриките за производство на парфеми започна да произведува и сретства за дезинфекција.Тука се и Донатела Версаче, Џорџио Армани, Гучи кои исто така допринесоа во борбата против вирусот.

„Кога зборуваме за позитива, многу размислував за иднината, не само за денот кога оваа криза ќе помине, туку и за тоа како ќе не промени. Моментално се соочуваме со толку многу загуби и тага, но слушнав од многу блиски личности и дека изолацијата не потсети на важноста на човечкиот контакт. Мислам дека, после ова, ќе биде невозможно да се земаат важните личности и важните односи „здраво-за-готово“. Тука е и креативноста, која пандемијата не може да ја замолчи.“ – напиша Ана и притоа порача сите да останат во своите домови и во оваа ситуација сите да бидеме сплотени и да се бориме со заендички сили.

Извор: srekja.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *