Елиф Елмас по стапките на Пандев: Оди во Наполи за 15 милиони евра

Фудбалскиот клуб Наполи постигна договор со Фенербахче за трансферот на македонскиот фудбалер Елиф Елмас.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, деталите за трансфер се прецизирани, а играчот ќе се појави во Неапол за медицински прегледи.

Наполи ќе одвои околу 15 милиони евра за услугите на 19-годишниот македонски фудбалер, плус некои бонуси кои ќе му следат на турскиот клуб.

Елмас тргна од Работнички, а во 2017 година се пресели во турскиот гигант Фенербахче, каде што покажа одлична игра.

Тој игра во средината на теренот и се очекува да го замени Амада Дијавара во Наполи, кој беше продаден на Рома.

Ова ќе биде втор трансфер ова лето за клубот од Сицилија, откако веќе беше донесен Костантинос Манолас од Рома за 35 милиони евра.

Елиф на овој начин ги следи стапките на уште еден истакнат македонски фудбалски репрезентативец, Горан Пандев, кој на 6 јуни, 2012 година направи постојан трансфер од Интер во Наполи.

Пандев моментално игра за Џенова.

Извор: kajgana.com

ВМЕТНИ РЕАКЦИЈА
Like
Love
Haha
Wow
Sad
Angry
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close