Што се случува со вашето тело кога ќе почнете да пливате трипати неделно?


Пливањето е добро за телото, но и за психата. Освен што со пливањето го активирате целото тело, оваа активност помага да се соочите со депресијата ослободувајќи ендорфин кој предизвикува позитивни чувства.

Редовното пливање може да биде добар начин за подобрување на работата на белите дробови. Бројни истражувања покажуваат дека пливањето подобро влијае од јогата кога станува збор за подобрување на работата на белите дробови.

Пливањето е совршена вежба за оние кои имаат болки во зглобовите. Редовното пливање може да помогне во намалување на ризикот од влошувања на артритисот.

Ако некој страда од хронични болки во грбот, како што е ишијас, пливањето исто така ќе помогне.

Пливањето трипати неделно може да помогне во согорување на дополнителни калории, а истовремено ги зацврстува мускулите. Во 30 минути пливање може да потрошите 500 калории, двојно отколку што ќе потрошите при пешачење.

Пливањето го забавува и процесот на стареење. Добро е и за вашиот сон. Досегашните научни истражувања утврдија дека пливањето е една од клучните вежби кои помагаат во борбата против несоница.

Извор: kajgana.com

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *