Научници веруваат дека канабисот може да помогне во лекувањето на COVID-19


Тим канадски научници верува дека канабисот може да помогне во превенција, а потоа и во лекување на COVID-19. Тие се фокусирале на поедини активни супстанци во канабисот, кои можат да ги засилат клетките од коронавирусот.

Истражувачи од Универзитетот во Летбриџ се уверени дека некои активни состојки од канабисот можат да спречат влегување на вирусот во клетките на белите дробови, во кои потоа се размножува и шири. Сугерираат дека канабисот може да ги намали влезните точки на вирусот до 70%.

Според канадската студија, канабидиолот би го променил нивото на ACE2 во телото што би го направило човекот помалку посакуван „домаќин“ за вирусот и во теорија, би го намалил ризикот од инфекција, пишува New York Times.

„Нашата работа би можела да има огромно влијание бидејќи нема многу лекови кои би можеле да ја смалат инфекцијата за 70-80%“, стои во студијата.

Од 800 варијанти на канабис научниците издвоиле 13 екстракти за кои веруваат дека би можело да влијаат на нивото на ACE2 во човечкото тело. Истакнуваат дека се потребни уште истражувања за да ја докажат ефективноста на канабидиолите.

Канабисот дури може да се употреби и за развивање на едноставни превентивни третмани во облик на производ за промивање на устата и грлото“, покажува студијата, со „потенцијал да се намали влегувањето на вирусот низ уста“.

Извор: vistina.com.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *