БЕЈБС
Trending

Џенифер Анистон за својот 51 роденден ги почести фанови со секси фотографии (фото)

Една од најпознатите актерки во светот, Џенифер Анистон го прослави својот 51 роденден.

Освен тоа што доби бројни честитки од нејзините фанови ширум светот, актерката доби и многу комплименти на сметка на нејзиниот изглед.

Џенифер пред некое време заедно со својата колешка и пријателка Сандра Булок даде интервју за „Interview Magazine“, а по повод роденденот на Џенифер, магазинот го објави тоа интервју, но во фокусот се нејзините секси фотографии.

„Благодарам на „Interview Magazine“ за ова изненадување, не знаев дека ќе излезе денес. Се чувствувам гордо што може да прославам со оваа насловна страница. Испадна дека бројката 51 е многу забавна. И благодарам на мојата сестра Сандра Булок што разговараше со мене за што посакавме. Многу те сакам“ напиша Џенифер на Инстаграм.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Фотографијата на која позира е облечена во црн фустан кој одлично и стои и ја истакнува нејзината витка фигура.

Под објавата веднаш слеа позитивни коментари на сметка на нејзиниот изглед.

„Ти се шегуваш“, напиша Кортни Кокс.

„Уау, изгледаш прекрасно“ додаде Хејли Бибер.

„Среќен роденден Џенифер, изгледаш прекрасно“ напиша Марија Кери.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

За потсетување, Џенифер зад себе има два брака. Во јули 2000 година Ценифер се омажи за Бред Пит, а во 2005 година парот се разведе откако Бред ја запозна Анџелина Џоли.

Во 2015 година, Џенифер се омажи за актерот, режисерот и сценаристот Џастин Теру, а од него се разведе кон крајот на 2017 година.

За потсетување, неодамна Џенифер и Бред Пит се сретнаа на додлеувањето на „Златен глобус“, па нивната „блискост“ предизвика шпеклации дека парот повторно е заедно.

Извор: vistina.com.mk

Leave your vote

-1 points
Upvote Downvote

Total votes: 1

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 1

Downvotes percentage: 100.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close