ХОРОСКОП

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 11. ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА

Овенот не треба да носи големи одлуки, Близнаците ќе имаат голема самодоверба, Стрелецот треба да и дозволи на својата интуиција да го води.

Овен

Не правете нови големи вложувања. Внимавајте во однос на вашите очекувања и бидете практични. Отворете го умот за нови перспективи. Дајте си време за да ги размислите различните начини и извори на приходи. Некои околности може да бидат надвор од ваша контрола. Не донесувајте големи одлуки.

Бик

Не е исклучено денес да добиете понуда за партнерство на професионален план. Некој ќе се обиде да ви даде понуда што нема да можете да ја одбиете. Сепак, не избрзувајте со одлуките. Одложете го вашиот конечен одговор по завршувањето на викендот. Вечерта нема да ви се намали ентузијазмот и нечија покана ќе ви изгледа особено примамлива, па ќе ја побарате забавата надвор.

Близнаци

Денес не зборувајте напразно, туку секое ваше тврдење поткрпувајте го со факти. Ќе наидете на личност која ќе ужива да ве негира и провоцира, па ако сте наоружани со потребните аргументи, лесно ќе и ја затворите устата. Ќе имате голема самодоверба и тоа ќе ве направи бестрашни во сите сфери на животот.

Рак

Ве следи чувство на неизвесност, бидејќи соработниците често го менуваат своето мислење и одлуките. Во ситуација кога на професионален план не се случуваат новитети, ваше најдобро засолниште е партнерот. Сите имаат добри и лоши моменти на успех, па за кратко време ќе успеете да ги повратите старите позиции.

Лав

Некој ќе се обиде да ја наруши вашата духовна хармонија и да ве налути, но самоконтролата нема да ви побегне од рака. Вие умеете добро да ги контролирате нештата, па ваквите провокации ќе ги сфатите како љубоморен обид на околината да ви наштети. Обидете се да размислувате позитивно.

Девица

Денес уште еднаш ќе покажете дека имате златно срце. Ќе помагате без да очекувате ништо за возврат и ќе си скратувате од слободното време за да им излезете во пресрет на оние кои изгледаат беспомошно. Дури и на крајот од денот да се чувствувате исцрпени, вашето срце ќе биде исполнето со топлина која ќе ви подари душевен мир.

Вага

Комплиментите што ги добивате ве наведуваат на погрешни емотивни очекувања. Одлично се снаоѓате во ситуација кога треба да се донесе важна одлука од заеднички интерес и затоа умеете правилно да се наметнете пред соработниците. Колку и да изгледа примамливо некоја понуда, размислете за последиците доколку ја прифатите.

Шкорпија

Денес е најважно е да се концентрирате на своите приоритетни цели. Не дозволувајте некој да ве обесхрабри со своите песимистички прогнози. Повремено имате лоша процена и очекување расплет на случувањата од љубовниот живот. Советите што ви се даваат со добра намера постојано ги сфаќате како лична критика и сметате дека некој се труди да ја покаже вашата слаба страна.

Стрелец

Сослушајте ги добро фактите пред да донесете некоја одлука. Забележувајте ја невербалната комуникација на вашите соговорници, бидејќи може многу работи да ви открие. Денес ќе сакате да се вратите на основите. Односно, ќе уживате во едноставните домашни, семејни и пријателски односи. Дозволете и на интуицијата да ве води.

Јарец

Не плашете се да давате ветувања. Вие не би оставиле никого на цедило, па ќе дадете сe од себе за да ги претворите вашите зборови во дела. Вашите колеги ќе бидат благодарни за вашата поддршка. Внимавајте колку трошите. Ќе бидете склони да вадите пари од вашиот паричник без да размислувате што ќе ви остане за утре.

Водолија

Бидете внимателни во комуникацијата и не влегувајте во расправии со конфликтни лица. Ќе се однесувате неконтролирано во трошењето пари, а тоа ќе резултира со долгови што ќе ги исплаќате многу подолго од моменталното задоволство. Ова е неповолен месец за земање кредит, не се одлучувајте за нешто такво, воспоставете контрола над трошењето.

Риби

Ако имате некои неостварени деловни цели, почнете веднаш со нивна реализација, само внимавајте да не преземете премногу обврски. Она на што може сериозно да сметате е несебичната поддршка од пријателите. Исто така и соработниците и колегите се тука за вас, искоритете ја нивната несебична помош и побрзо ќе успеете да ги остварите зацртаните цели.

Извор: srekja.mk

Leave your vote

-1 points
Upvote Downvote

Total votes: 1

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 1

Downvotes percentage: 100.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close