ДЕЦА И СЕМЕЈСТВОЛАЈФСТАЈЛЏЕТСЕТ
Trending

Се сврши синот на македонската фолк легенда Војо Стојаноски: Дамјан Стојаноски реши да донесе дома млада невеста! (ФОТО)

Еден од најдобрите и најперспективни млади македонски фолк пејачи, Дамјан Стојаноски, ја побара својата девојка Елена Билеска за жена.

Синот на легендата на македонската изворна песна, покојниот Војо Стојановски на својата мајка, новинарката Евица Камберова-Стојаноска и донесе неописива радост.

Тој и неговата свршеничка официјално кажаа ДА и нивната љубов ќе биде крунисана со заеднички живот. И токму како што вели антологиската песна на неговиот татко Војо:

„Ти донесов млада невеста, јас ја сакам од срце, деца мајко да ми изроди, родот да ми продолжи“… така некако отприлика чинот на одлука за заеднички живот и свршувачката на својот син ги доживеа и мајката на Дамјан, која сподели заедничка фотографија со младите, синот и идната снашка, па покрај неа и самата ја изрази својата огромна радост:

„Дамјан и Елена официјално, кажаа ДА за љубовта и за заедничкиот живот. Ми се зголемува семејството, ми се полни куќата со радост, младост, среќа…Да се среќни и вечни!“ – се зборовите со кои ги благослови мајката и идна свекрва младите.

Инаку Дамјан Стојаноски имаше само 18 години кога почина неговиот татко Војо. Покрај огромната љубов кон музиката која му ја всадил уште од дете, тој како што во една прилика ќе изјави му бил најдобар пријател, одличен родител, ментор и идол.

„Секогаш ме советуваше да се надградувам, но да не бегам од коренот“ – вели Дамјан и додава:

„Во иднина сакам да препеам дел од неговиот богат репертоар. Татко ми сними многу убави песни, но некои поминаа понезабележителни, па планирам да ги оживеам“ – открива тој.

Во меѓувреме полека ја гради сопствената кариера продолжувајќи го патот на татко му, како фолк пејач кој во своите песни длабоко ја негува традицијата, но и и голем патриот и родољуб кој како и покојниот Војо, бескрајно ја сака својата татковина, Македонија!

Редакцијата на Вистина.ком.мк  на младите им посакува да се среќни и вечни и секако… многудетно семејство!


Извор: vistina.com.mk

Leave your vote

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 6

Upvotes: 3

Upvotes percentage: 50.000000%

Downvotes: 3

Downvotes percentage: 50.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close