ЛАЈФСТАЈЛНОВОСТИСВЕТФИЛМЏЕТСЕТ

На 103 години почина легендарниот Кирк Даглас

На 103-годишна возраст почина славниот холивудски актер Кирк Даглас. Информацијата за неговата смрт за People ја потврди синот Мајкл Даглас.

Кирк Даглас беше еден од славните ѕвезди од златното доба во Холивуд. Роден е во 1916 година во Њујорк, а како актер дебитирал во 1946 година. Три пати бил номиниран за Оскар, за улогите во „Champion“, „The Bad and the Beautiful“ и „Lust For Life“. Оскар доби дури во 1995 година и тоа за животно дело.

Една од најпознатите улоги со која се прослави е филмот „Spartacus“ од 1960 година.

„Во светот тој беше легенда, актер од златното доба на филмовите, но за мене и за моите браќа тој беше едноставно татко“, вели Мајкл Даглас во соопштението за смртта на неговиот родител.

Други значајни улоги по кои ќе го паметиме се: „20.000 Leagues Under the Sea“ (1954), „Lust for Life“ (1956), „Paths of Glory“ (1957), „Gunfight at the O.K. Corral“ (1957), „The Vikings“ (1958), „Lonely Are The Brave“ (1962), „Seven Days in May“ (1964), „Saturn 3“ (1980) и „Tough Guys“ (1986).

Последната филмска улога ја оствари во 2004 година.

Извор: kajgana.com

Leave your vote

1 point
Upvote Downvote

Total votes: 1

Upvotes: 1

Upvotes percentage: 100.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close