ЉУБОВ И СЕКС
Trending

Каква е љубовната врска помеѓу оптимист и песимист?

Вие сте роден оптимист и за вас чашата секогаш е полна до половина. Вашиот партнер е песимист, но и покрај разликите помеѓу вас, вие се вљубивте во него.

Што да правите?

Без страв – врската помеѓу оптимист и песимист е возможна, сè додека и двете страни се подготвени да бидат флексибилни, пишува Your Tango.

Ако сте оптимист кој излегува со песимист

Како оптимист, уживате да ги набљудувате работите од позитивната страна. Сè додека се носите со проблемите, не дозволувате да бидете тажни. 

На пример, доколку автомобилот на вашиот партнер не може да тргне а вие сте се договориле да одите на вечера, за 5 минути ќе се појавите пред неговата зграда со кабли за автомобил во една, и кошница со храна во друга рака.

Насмевката на партнерот ви беше цел свет, но не можете да се борите повеќе со неговиот песимистичен поглед на свет. Што да правите?

Најпрвин, размислете зошто се однесува така. Дали се бори со депресија или има некој здравствен проблем? Дали има трауми од детството? Дали е премногу емпатичен или се грижи за секоја ситница?

Кога ќе сфатите зошто се однесува така, ќе го разберете и ќе се обидете да му помогнете. Вашиот партнер ќе го почитува тоа што сте се обиделе да допрете до неговата интима, а вие ќе се чувствувате подобро.

Доколку сте песимист кој излегува со оптимист

И вие имате свој поглед на свет, иако е малку мрачен. Доколку слушнете дека автомобилот на вашиот партнер се расипал, најверојатно ќе помислите дека тој нема да дојде бидејќи нашол девојка која е подобра од вас. Ова е најлошото сценарио што може да ви падне на ум.

Сè се менува кога ќе запознаете вистински оптимист. Неговиот позитивен поглед на свет е премногу за вас. На крајот на краиштата, вие не сте негативецот во приказната, вие сте реалист, или не е така?

Обидете се да разберете зошто вашиот партнер има позитивен став во животот. Дали сака да им помага на другите луѓе? Дали ги игнорира светските проблеми и ги засенува со вечниот оптимизам? Дали неговиот оптимизам е само маска?

Доколку вашиот партнер е ваков, обидете се да уживате во неговиот сјај и позитивна енергија. Меѓутоа, доколку сметате дека со позитивната енергија се обидува да ги замаскира проблемите, поразговарајте со него.

Љубовната врска помеѓу песимист и оптимист е можна доколку се потрудите и двајцата.

Но, мора да бидете свесни за последиците. Во ред е понекогаш да бидете малку тажни за да ги согледате проблемите од друг агол, но треба да го сакате вашиот партнер баш каков што е.

Извор: kajgana.com

Leave your vote

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close