ЛАЈФСТАЈЛМОДА И УБАВИНА
Trending

Совети и трикови кои ќе ви помогнат подобро да ја испеглате косата

Овие трикови досега може ти биле непознати.

Косата ќе ти изгледа поубаво и како да те испеглала фризерката. Само повлекувањето по прамените на косата не е најдобра тактика, а доколку се прашуваш зошто косата ти изгледа поубаво кога ќе те испегла фризерката, тајната мора да лежи во овие трикови.

 Дијагонално зимај прамени од косата

Кога ги зимаш хоризонтално, ќе добиеш рамна и права коса, додека доколку ја зимаш дијагонално ќе изгледаш лелеаво и убаво.

Температурата на пеглата да биде ниска, а движењата бавни

Наместо да ја ставиш пеглата на највисока температура и да повлекуваш набрзина, направи го она спротивното. Бавното повлекување на пеглата која е уклучена на пониска температура ќе дава дава рамномерни резултатите, бидејќи топлината ќе се распредели низ целиот прамен.

 Насоката на пеглање

Се препорачува со пеглата да креираш благо закривување на косата кон внатре. Со помош на чешел движи ја пеглата, за да го креираш овој облик. Доколку вака ја пеглаш косата, тоа ќе даде природен ефект на твојот изглед.

 Започни од позади

Никогаш немој да почнеш да се пеглаш од едната страна, туку прави го тоа од позади. Ова е наједноставниот начин кој постоиу, а доколку не си го пробала тоа, време е да пробаш и да видиш.

 Важни се и препаратите кои ги користиш

Доколку ти треба косата да биде права повеќе од еден ден, производите за одржување на обликот се задолжителни. Читај што пишува на шишињата лак за коса и избегнувај да ги користиш оние кои содржат силикон.

Извор: хаштаг

Leave your vote

1 point
Upvote Downvote

Total votes: 1

Upvotes: 1

Upvotes percentage: 100.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close