БИЗНИСЗДРАВЈЕЛАЈФСТАЈЛНОВОСТИ
Trending

Треба ли да одиме на работа кога сме настинати?

Колку е настинката силна, дали е преслаба за да не одиме на работа или е доволно силна за да го загрози здравјето на нашите колеги, ако во таква состојба се појавиме на работното место? BBC праша стручни лица кои понудија одговори на ова прашање.

Кога е всушност настинката доволно јака?

Насекаде околу нас има вируси, во градскиот сообраќај, во супермаркетите, градинките, канцелариите. Освен ако планирате никогаш да не излезете од дома, пред или подоцна секако ќе бидете заразени.

„Настинката е последица од вирусно заболување на кое секој организам различно реагира. Не можеме да го потцениме влијанието на настинката на способноста на некои луѓе“, вели д-р Рејчел Суф, советник во Институтот за управување со човечки ресурси.

Таа додава дека ако навистина не се чувствувате добро и вашите симптоми укажуваат на тоа дека нема да бидете продуктивни, подобро е да не одите на работа бидејќи така нема да го ширите вирусот на работното место.

Дали треба по секоја цена да се избегне настинка или настинките помагаат за подобар имунитет?

Според професорот Питер Опеншоу, поранешен претседател на Британското здружение за имунологија, настинките можат да бидат добри за нашето долгорочно здравје, но само понекогаш. Настинките, изгледа, можат да се поделат на добри и на лоши.

„Животен предизвик ми беше да откријам кои вируси се добри, бидејќи некои настинки можат да го стават нашиот имунитет на некој вид тренинг“, вели докторот.

Што е со луѓето кои имаат слаб имунитет?

Луѓето на кои имунитетот им е ослабен, како на пример пациентите во болници, често се изолирани бидејќи лесно може да се случи некој да им пренесе вирус. Од друга страна, човек со јак имунитет нема да настине дури ни ако се наоѓа во друштво на настината личност.

На луѓето кои се свесни дека се настинати им се советува пред да излезат од дома да размислат дали ќе дојдат во контакт со деца, трудници или стари и чувствителни лица. Пациентите кои имале хемотерапија, на пример, се исклучително чувствителни на настинка.

Дали да одиш настинат на работа или не?

Некои луѓе стравуваат дека работодавачот ќе им замери ако изостануваат од работа поради обична настинка. Во време кога сè повеќе работи може во целост или делумно да се извршат од дома не треба да се чувствува страв од разговор со шефот бидејќи за него е подобро да изостане еден работник отколку вирусот да се прошири и истовремено да се разболат повеќе работници.

Постојат и случаи на злоупотреба бидејќи за настинка најчесто не е потребно да се донесе лекарска потврда, па и работодавачите се внимателни но во поголем број се подготвени да им веруваат на вработените.

На крајот на краиштата, и шефовите кога-тогаш настинуваат па веројатно и самите ќе бидат отсутни неколку дена.

Извор: kajgana.com

Leave your vote

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close