ЗАБАВАФИЛМ

„Медена земја“ доби две номинации за Оскар

Американската академија за филмска уметност и наука ги објави номинациите за наградата Оскар за оваа година.

Македонскиот документарец „Медена земја“ кој веќе собра низа престижни филмски награди во текот на годинава, доби номинации за Оскар во две категории: за Најдобар документарец и за Најдобар странски филм.

Членовите на Академијата до 7 јануари гласаа за своите фаворити, а денеска беше соопштено кои се петте официјални номинирани во секоја од категориите.

Во категоријата Најдобар документарен филм „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов влезе во потесниот избор за номинација од 159 документарци.

Номинирани за најдобар доументарен филм се:

American Factory

The Cave

The Edge of Democracy

For Sama

Honeyland

Номинирани за најдобар странски филм се:

Corpus Christi (Полска)

Honeyland (Северна Македонија)

Les Miserables (Франција)

Pain & Glory (Шпанија)

Parasite (Јужна Кореја)

Оскарите се доделуваат во 25 категории, а 92. издание на оваа престижна свеченост ќе се одржи на 10 февруари, 2020 година.

„Медена земја“ (Honeyland) е прв македонски филм што успеа да добие две номинации за Оскар.

Во 1994 година за првпат македонски филм доби номинација за Оскар  – „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.

Третиот филм на Манчевски – „Сенки“ – ѝ беше понуден на Академијата по повод 80-тото доделување на Оскарите, но не влезе меѓу петте номинирани.

Извор: kajgana.com

Leave your vote

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close