ДЕЦА И СЕМЕЈСТВОЛАЈФСТАЈЛЏЕТСЕТ

Божиќна исповед на Анастасија Ражнатовиќ: „Секој ден сакам тато да е тука и да ме прегрне“

Ќерката на фолк пејачката, Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ во интервју за телеграф.рс проговори за нејзините планови за 2020 година, за тоа како се прославува  Божиќ во нивниот дом, за музичката кариера, за нејзиниот брат Вељко и снаата Богдана.

„Многу насмевки, веселби, убава и позитивна енергија. Се чувствува голема љубов и тоа ми е еден од омилините празници“ вели Анастасија.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

На прашањето, колку Анастасија се променила откако издаде две песни, таа вели:

„Мислам дека не се променив, но можам да кажам дека си ја зголемив самодовербата. Добив, некако поразлична публика и се променив во професионална смисла. Приватно, како личност останав иста. Се гледам како нормална девојка која не се разликува од останатиот свет. Исто така плачем, се смеам, се радувам. Ги сакам сите оние кои ги сакав и пред да издадем песни“ вели пејачката.

ФОТО: МИРКО ТАБАШЕВИЌ/ТЕЛЕГРАФ.РС

Кога станува збор за песните на нејзината мајка Цеца, Анастасија вели дека постојат многу нејзините песни кои би сакала да ги пее, а една од нив е и „Опрсоти ми сузе“.

Анастасија вели дека нејзиното момче не и се меша кога ги бира песните.

„Не, одлучувам заедно со моите соработници кои најдобро се разбираат во тоа, а исто така и со мајка ми, која знае најдобро. Заедно се договараме околу деталите, се додека  не го добиеме она што го сакаме. Но, секако сакам да го слушнам и мислењето на партнерот и пријателите кои не се од тој свет, па ми значи кога ќе ја слушнат песната и ќе ми кажат што мислат“ вели Ражнатовиќ.

ФОТО: МИРКО ТАБАШЕВИЌ/ТЕЛЕГРАФ.РС

Во јануари се полнат 20 години од  смртта на нејзиниот татко, а младата пејачка открива во кои моменти посакува да е тука и да ја прегрне.

„Секој ден во секој момент. Мислам дека не можам да одберем некој момент“, вели Анастасија и ги откри желбите за 2020 година.

„Сакам моите блиски да бидат здрави, среќни, исполнети, весели…Исто така бидам со луѓе кои ги сакам и да бидам сакана. Секако, да направам голем успех со албумот“  вели Ражнатовиќ.

Извор: vistina.com.mk

Leave your vote

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close