ВИДЕОЗАБАВАТЕХНОЛОГИЈАХАРДВЕР И СОФТВЕР
Trending

Преку мал „хак“ до floppy дискета со капацитет од 128 GB

Компјутерот кој е користен е од 1995, а променети му се и матичната плоча, процесорот и графичката картичка

Малите floppy дискети порано беа главниот медиум кој се користеше за пренос на податоци од еден на друг компјутер, односно може да се каже дека тие беа USB дисковите на деведесеттите.

Секако, капацитетот им беше толку мал што тие не можеа да се користат баш за многу работи, покрај пренесување на документи и слични датотеки, иако во тоа време и сите други работи имаа помала големина.

Интересно си има „поиграно“ со неговата IBM машина од 1995 „јутјуберот“ Dr. Moddnstine, кој го искористува нејзиното куќиште за да направи модерен компјутер.

Иако тој ги менува матичната плоча, става понов процесор, графичка картичка, па дури и USB читач во CD „плеерот“, сепак тоа што најмногу го привлекува вниманието е модифицирањето на floppy дискета и „драјв“ за да таа има капацитет од 128 GB.

Начинот на којшто тоа го прави е преку внесување на SD картичка во дискетата, односно точно каде што е отворот и поврзување на читач на картички во дравјот за дискетата. Тој има забележано дека поставеноста на сите потребни делови е точно погодена за да може да се направи промената.

Во видеото во продолжение можете да видите што тој има направено и како функционира.

Извор: smartportal.mk

Leave your vote

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close