МАКЕДОНИЈАНОВОСТИ
Trending

Германија бара 100.000 нови работници – еве колкави им се платите

На Германија очајно и се потребни работници

Како што пишува германскиот „Bild“, само Германската железница во следните пет години ќе мора да замени барем половина од своите 200.000 вработени, а како што неодамна изјави канцеларката Меркел, во своето видео обраќање на пазарот на трудот недостасуваат и квалификувани и неквалификувани работници.

Германски железници вели дека само до крајот на оваа година треба да вработат 24.000 нови работници. Истата бројка, а можеби и поголема ги очекува и следната година, а на пазарот на трудот има се помалку лица што активно бараат работа. И тоа може да претставува сериозен проблем. Од друга страна и поради амбициозниот пакет против климатските промени германската влада планира да ги зголеми инвестициите во овој сектор, па ќе бидат потребни дополнителни 8000 работници, пишува хрватскиот „Јутарњи лист“.

Во Германските железници во овој момент се бараат возачи на возови како и услужно и информатички персонал, но и градежни и електро инженери. Идните генерации на возови би требало да бидат „попрецизни“, но и со повеќе електроника, за да се спречи несаканото доцнење и откажување.

Колкава е платата во овој сектор?

Што се однесува до платата, тоа зависи од ангажманот, како и од степенот на образованието на работникот. Во Германски железници во моментов има преку 500 занимања, од готвачи и келнери, до инженери и ИТ професионалци.

Возачите во просек заработуваат околу 38.000 евра, но можат да достигнат и до 50.000 евра годишно, додека приходите на кондуктерите се движат од 34.000 до 46.000 евра годишно (во бруто износ). Службениците во железничките ресторани заработуваат од 33.000 до 37.000 евра годишно

Најголема годишна плата заработуваат техничарите за контрола и сигурност. Таа може да се искачи и до 52.000 евра, додека околу тој износ се движат и диспечерите кои се задолжени за контрола на патот на железницата, чија улога се споредува со контрола на летови.

Нов закон од 8 март 

Според последните проценки, во Германија во овој момент има околу 1.3 милиони непополнети работни места. Таа важи за најголема економска сила во во Европа и во неа работат повеќе од 2 милиони граѓани од другите земји во Унијата, а голема е бројката и од земјите кои се надвор од Унијата.

Но очигледно дека тоа не е доволно, па германската влада има план да побараат работници надвор од ЕУ. „Без доволно стручни лица, ниту една економија не може да преживее“, предупредува канцеларката Ангела Меркел во видео-пораката што деновиве се најде на социјалните мрежи.

Меркел се обрати преку видео порака

Таа пораката ја посвети на новиот закон што треба да се појави на почетокот од следната година.

„Ние во овој момент имаме бројни претпријатија кои се во очајна потрага за квалификувана работна сила. Ако политичарите не се погрижат доволно за стручните лица, фирмите и работодавците ќе ја напуштат Германија, а тоа не го сакаме“, вели Меркел во своето обраќање.

Меркел потсети дека во Германија пред 15 години имало околу пет милиони невработени, додека сега компаниите се соочуваат со сериозен проблем заради недостаток на квалификувана работна сила. „Мораме да вложиме дополнителни напори за да најдеме квалификувани работници. Инаку компаниите ќе мораат да заминат на друго место. Секако дека тоа не смееме да си го дозволиме“, истакна Меркел.

Новиот закон што ќе биде донесен ќе го олесни увозот на квалификуваните работници кои доаѓаат и надвор од Европската Унија, а законот треба да стапи во сила од 1 март следната, 2020 година. Главната цел на овој закон е да им се отвори патот на работниците кои се надвор од ЕУ да дојдат и да останат во Германија која има „очајни“ потреби од нив, како што вели во својата порака Меркел.

Извор: glamur.mk

Leave your vote

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close