БИЗНИСВЕЛЕСМАКЕДОНИЈАНОВОСТИ

Досега 8.000 фирми побарале субвенции за поголеми плати

Скопје, 17 декември 2019 (МИА) – Вкупно 8.000 фирми досега побарале субвенции од државата за зголемени плати на 45.000 вработени, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.

Според Лукаревска, 1.300 работодавачи за 47.000 вработени сѐ уште не го оствариле ова право од технички причини.

– Станува збор за технички грешки кои не се од страната на УЈП, туку од страната на фирмите и очекуваме дека ќе се надминат, рече Лукаревска, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата за повратот на персоналниот данок за земјоделците.

За октомври и ноември висината на средствата кои треба да ги добијат компаниите е 58 милиони денари, а за декември ќе се знае до крајот на годината.

Владата донесе Закон за субвенционирање придонеси за покачување плати на вработените од 600 до 6.000 денари.

Извор: kajgana.com

Leave your vote

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close