ЛАЈФСТАЈЛМОДА И УБАВИНА
Trending

ШМИНКЕРОТ НА ЏЕЈ ЛО ОТКРИВА – ПОРАДИ ОВИЕ ГРЕШКИ ВО ТЕКОТ НА ШМИНКАЊЕТО ИЗГЛЕДАТЕ 10 ГОДИНИ ПОСТАРИ

Тој дефинитивно ги знае тајните на шминкањето а за тоа сведочи беспрекорниот изглед на познатата дива

Благодарение на вештите раце на Скот Барнс, лицето на Џенифер Лопез секогаш изгледа беспрекорно. Тој веќе со години е задолжен за шминката на латино дивата, и одлучи да ги сподели своите тајни кога е во прашање шминкањето а во нив се наоѓаат и најчестите грешки кои дамите ги прават и доведуваат до тоа тие да изгледаат дури и 10 години постаро.

Шминката служи да го нагласиме она најубавото од нас, но доколку не се користи правилно може да се постигне спротивниот ефект односно да се нагласат оние нешта кои се обидуваме да ги сокриеме.

Премногу контурирање
Контурирањето на лицето е техника која може да го трансформира целиот изглед на лицето, но само ако се користи на вистинскиот начин.

„Силните контури на лицето се знак дека само слепо ги следите трендовите потполно игнорирајќи го обликот на лицето. Добро погледнете ги цртите на вашето лице и проучете на кои места треба вистински да го нанесете бронзерот. Оваа техника нема универзален начин на нанесување и зависи од вашата структура на лицето.“

Недоволно соединета сенка
„Одличен начин вашето лице да изгледа уморно и валкано е недоволно избленданата сенка. Нанесувањето на бојата на очите е вистинска уметност и таа мора совршено да се стопува без да се забележува преминот од една во друга нијанса. Доколку нанесувате премногу продукт тоа визуелно ќе истакни наборите околу очите.“

Невнимателен избор на бои
„Водете сметка за подтонот на вашата кожа кога бирате боја на пудра, руменило или сенка. Тоа е особено важно кога е во прашање изборот на руменило. Пред да тргнете во шопинг, добро информирајте се за вашиот подтон на кожа и кои бои му одговараат.“

Премногу шминка во текот на денот
„Се ежам кога ќе видам жени во текот на денот нашминкани како за вечерно излегување.
Природниот изглед е секогаш најдобра опција.“

Извор: srekja.mk

Leave your vote

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close