СПОРТФУДБАЛ

Џерард исто како Клоп: Стави потпис на договор до 2024 година!

Легенедата на англискиот фудбал, Стивен Џерард денес ја продолжи верноста со Ренџерс и потпиша договор до 2024 година.

Шкотскиот клуб прв му даде шанса на поранешниот фудбалер да стане тренер и тоа во 2018 година. Од тогаш сопствениците очигледно се задоволни со резултатите кои ги постигнува легендата на Ливерпул, па поради тоа решија да го наградат со нов договор.

„Кога претседателот на клубот, Дејв Кинг, ми пријде за можноста да го продолжам договорот со Ренџерс, беше многу лесна одлука да се донесе, затоа што сум многу среќен тука и чувствувам дека заедно градиме нешто посебно во клубот“, изјави Џерард.

Џерард претходно работеше како тренер во младинските категории на Ливерпул, а се надева дека еден ден ќе може да се врати на „Енфилд“ и како главен тренер.

Токму денес и актуелниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп стави потпис на нов договор до 2024 година.

Извор: sportski.mk

Leave your vote

0 points
Upvote Downvote

Total votes: 0

Upvotes: 0

Upvotes percentage: 0.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…

Close
Close