Лепа Брена проговори за Југославија и нејзината песна „Југословенка“(ФОТО+ВИДЕО)


Лепа Брена ја отвори душата и во интервју за „Слободна Далмација“ зборуваше за многу работи од нејзиниот приватен живот. Фолк ѕвездата призна дека многу тешко поднела некои работи, вклучително и распадот на Југославија

„Најтешкиот дел беше кога се распадна Југославија и кога ни почина менаџерот Рака Ѓокиќ во 1993 година. Една година пред тоа, Боба (Живојиновиќ) имаше повреда на ‘рбетот, а јас си ја скршив ногата. Мојот живот беше обележан и со киднапирањето на мојот син Стефан во 2000 година“ – рече Брена.

Брена има бројни хитови и една од нејзините најпознати песни е секако „Југословенка“. Таа откри на кого мисли кога ја пее оваа песна.

„Повеќето луѓе на Балканот се носталгични. Кога зборувам за Југославија, не зборувам за ниту еден политички субјект, пеев за тоа како за земја во која живееме. Како што одминува повеќе време, мислам дека публиката што доаѓа на моите концерти е се’ поносталгична во однос на добрососедските односи и комуникацијата затоа што ние сме географски, културно и економски фокусирани едни на други.

Кога ја пеам „Југословенка“ мислам на сите луѓе што живеат на Балканот. Тоа е песна посветена на пријателството меѓу народите, без оглед на религијата, бојата на кожата и полот. Ако Европа можеше да се обедини, зближи и направи економска стратегија за опстанок, мислам дека истото тоа треба да се случи и во регионот што порано се нарекуваше Југославија“ – рече Брена.

Извор: vistina.com.mk

ВМЕТНИ РЕАКЦИЈА
Like
Love
Haha
Wow
Sad
Angry
loading...
Previous НАЈСКАПАТА ЧАНТА НА СВЕТОТ КОЈА ВРЕДИ РЕКОРДНИ 3.8 МИЛИЈОНИ АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ
Next Дали животните можат да предвидат земјотрес?

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *